Карнегиената анкета представена от Македония

ИЗВЕШТАЈ НА КАРНЕГИЕВАТА БАЛКАНСКА КОМИСИЈА

Сподели на Facebook

Каков „доказ” е Извештајот на “Карнеги балканска комисијата” за негаторите на македонскиот народ?!

Вовед – Македонското издание на Извештајот
Детално за извештајот


Насловната од Извештајот на Карнигиевата комисија од 1914 година

– IV. 2000 год., издаден од Скопска “Култура” – Извештајот на Карнеги балканската комисија со наслов – “Поранешните балкански војни 1912-1923 г.”
– Според редакцијата, “сведочењето” ќе овозможело“ разбирање на нашето минато и сегашност” (?!) од историски, политиколошки, правни, психолошки, филозофски, воени и др. аспекти!
– Оваа двосмисленост е проѕирна. За Балканските војни документацијата е толку обемна што еден Извештај обременет од докажливи пристрасности и целосно да е непристрасен (а не е), не може да ја избрише вистината.
– Уште помалку од него наеднаш да си ги“разбереме нашето минато и сегашност”, кои ете од некои причини не сме си ги знаеле(?!).
– “Култура” подржана од Министерство за култура на Р.Македонија, го отпечати предходно и -Зборникот од народни песни на Миладиновци, со наслов“Б`лгарски”, нешта одлучени и случени во време на Министерот Димитар Димитров, познат по пробугарските си ставови.
– Ако и има нешто добро, добро е што се издаде, за да и се виде целата пропагандна трулост, зашто во 1993 г., Извештајот на Карнеги балканската комисија, се издаде и во Бугарија (второ издание). А таму славје, токму од констатациите на пишувачот од Извештајот дека Македонија е населена со –“Бугари” (?!).
– Но настрана домашните подметнувања и бугарските од исток, навистина да видиме со што овие“душегрижници” всушност се радуваат, т.е. дали пак не си се најдоа во трагикомична ситуација како и при други нивни големи “ФАКТИ”.

Компарација со други “историски вистини” од Извештаи на Меѓународни комисии

– За подобро согледување на Извештајот од 1913 год., првин неопходна е компарација со други Извештаи од слични Меѓународни комисии.
I. Таков еден Извештај во однос на друг страдален народ – Евреите (a и тие страдаа и од Бугарите) од 1944 год. е посебно интересен за компарација.

– Извештајот од Меѓународната Инспекција на Црвениот крст поднесен во Женева 1944 год. од г-нот МОРИС РАСЕЛ а во однос Евреите во Германија, според Бугарската логика за “историски вистини”, е НОТОРНА ВИСТИНА (?!). Но каква е и што и е блиско со онаа на Карнеги извештајот?
– Мисијата и е – ВИСТИНАТА за теророт врз Евреите во Германија. Но на терен, во градот од Евреи,Терезинштат- Германија 1944 год., членовите на Комисијата видоа чисти улици, згради и “среќни“ Евреи (?!).
– Евреи кои “најслободно“ читаа во библиотеки, слушаат класична музика и спортуваа, инвалиди и пензионери примаат пензии, деца јадат чоколади и др.
(молат да им се земат сардините- биле сити?!). И се ова во Германија во 1944 год.?!
– Г-нот Морис Расел по враќањето на Комисијата со представници на повеќе земји од светот, во Женева поднесува детален Извештај. Според Извештајот, Евреите во Германија се со “слободни” граѓански права (?!).
– Вистината е дека се беше режија на СС службите за пред Меѓународната јавност. Повеќе од 133 000 Евреи веќе од наредниот ден, се депортирани од Терезинштат во Аушвиц. Од нив 33 818 само умреа од глад, а другите се ликвидирани (од 10 500 деца- преживеаа само 142 и.т.н.).
– Хитлер инспириран од лесното прифаќање на Еврејската “среќа” од Меѓународната комисија, бара и филмови, за цел свет да ја виде.
– На снимките лицата се блиску, да се препознае оваа “среќа” од “хуманоста” на Германците. Герон е само еден од наивните Евреи, кој откога здушно учествува во ова фалоспевие, прв е ликвидиран во Аушвиц.
II. КАРНЕГИ балканската комисија како и оваа Меѓународна комисија на Црвениот крст за Евреите, ни дава слика за Македонци – бегалци во Бугарија како на плоштадот во Самоков се кажуваат за –“Бугари” (?!).
– Пред 20-тина полицајци, војници и агенти, тие “најслободно“ (а во Бугарија и пред Бугари) се декларираат за – “Бугари” и тоа бележано од Павел Милјуков (бугарофил – види за него опширно) како член на комисијата, и овековечено со фотос (?!).


„Најслободното и независно“ декларирање на Македонците бегалци во Самоков – Бугарија пред бугарофилот Павел Миљуков и бројните полициско – воени агентури на Бугарија

– Македонците во Самоков слично на Евреите во Терезинштат ја прикажуваат сета своја ”среќа“ од нивните “ангели – чувари“ (Бугарите) и пред Меѓународниве “независни”, кажуваат она што од нив го бараат“домаќините“ и сето тоа…
– Во услови на војна за нивните домови, добра и животи, во услови на нивно истребување – Македонците во Балканските, Евреите во Втората светска војна.
– И сега кој е тука глупавиот а кој треба да се направи таков со она дека токму еден“независен“Меѓународен извештај ќе овозможел “разбирање на нашето минато и сегашност” (?!). Но по кој знае кој пат, Бугарите и нашите домашни слуги и овојпат испаднаа – глупавите, особено и од она што следи.
Мотив и подготовки за испраќање на Карнеги комисијата на Балканот

 

Ендрју Карнеги, основачот на фондацијата

– Комисијата е финансирана од Карнегиевата фондација за мир, основана од Ендрју Карнеги (1835 – 1919) индустријалец од САД и од Шкотско потекло.
– Комисијата се организира на иницијатива од Николас Муреј Батлер,еден од водачите на Фондацијата и Претседател на Универзитетот “Колумбија” .
– По Извештаите што “Њујорк Тајмс” ги објавил во јули 1913 г., за ѕверства ивршени на Балканот,Батлер праќа итна телеграма до Претседателот на Одборот на администраторите г-нот Елиху Рут (Elihu Root), тогаш сенатор на САД и поранешен секретар на војната и државен секретар.
Уште во телеграмата приметно е кон која од страните во конфликтот каков е пристапот:
“Вџашувачките бугарски обвинувања за срамни постапки што му се припишуваат на кралот на Грција ни даваат голема можност за брза акција. Ако одобрите, веднаш ќе испратам угледна комисија на Балканот да ги провери фактите и да ја утврди одговорноста за продолжителните непријателства и извршените срамни постапки. Ве молам одговорете.. уште денес ако е можно“.

– Рут итно одобрува комисијата уште вечерта – на полноќ.
Прашања кои веднаш се наметнуваат:
а) – Зошто комисијата се формира дури по “вџашувачките обвинувања” од Бугарија, особено што печатот и пред тоа е полн со ѕверствата?!
б) – Зошто таква итност во барањето -“уште денес“(?!), но и одобрението од полноќ. Дали оти Бугарија е во целосен крах, со Романски трупи пред Софија?! Имено…
– Токму јули 1913 г.(кога се “случуваат” Извештаите во “Њујорк Тајмс”) сојузницитe со кои ќе ги бркаше Турците од Балканот и се свртеа со се Турција – и ја прегазија Бугарија. Ова само ја докажа фалшивоста на бугарската теза со војната за“заштита на Бугарите” од Македонија! Имено…
– 11 јули 1913 г. – Романците ја преминаа границата и за 3 дена се пред Софија.

Романски високи офицери од пред Балканските војни

– 11 јули 1913 г. – Бугарија го упатува првиот апел за помош до Европа.
– 12 јули 1913 г. – Турција пак ја зазема Тракија и продолжува кон Бугарија.
– 14 јули 1913 г. – Србите низ Крива Паланка,одат кон внатрешноста на Бугарија.
– 15 јули 1913 г. – Фердинанд моли посредување од Франц Јосиф кај Романците.
– 25/30 јули 1913 г. – Грците се кај Џумаја, а Србите кај Видин.
– 30 јули 1913 г. – Во Букурешт почнаа преговори за мир.
– 10 август 1913 г. – по неколку примирја, потпишан е Букурешкиот мир.
в) – Ако војната е за наводна заштита на “Б`лгарите“ од Македонија, Зошто одсуствува било каква хуманост кон невидените страдања на Македонците а камо ли прокламираната “еднородност“(?!).
г) – Ако Македонците се “Б`лгари од прво качество“, зошто “вџашувачките бугарски обвинувања за ѕверства”, плачењата за интервенции и комисии, се дури во јули 1913 г., кога фронтот е во Бугарија и кога страдаат вистинските Бугари? Зошто не при страдањата на Македонците од пред тоа? (и се до крахот на Бугарија, совпаднат со доаѓањето на Карнеги поткомитетот).
Историјат на мировните движења и мисии до Карнегиевата комисија (од Воведот на Џорџ Кенан)
– Џорџ Кенан во Воведот кратко хронолошки ги дава никулците на мировните движења по светот, од САД, Англија и др. делови на Европа. Бргу, полезноста од патронат над “светскиот мир” ќе ја увиде и Русија – врвна пропагандна сила.
Рускиот цар Николај Втори

– Царот Николај II во 1899 г. повикува на меѓународна конференција за разоружување “загрижен” од војните иако не малку од нив токму Русија ги поттикнува.
– Целта е да се стави рака и над светските мировни стремежи а конференцијата е за да се стават правила, кои по правило ги втемелува иницијаторот. Русија со патронатсвото врз Православието, Словенството (подоцна и врз Комунизмот преку Коминтерната), на крајот од XIX в., сака контрола и над светскиот мир.
– Џ.Кенан во Воведот, оваа руска иницијатива ќе ја нарече “чудна” и “производ на незрелиот дилентизам” (?!). Но кога подоцна истата мировна иницијатива ја презема западот (и фондацијата на која и припаѓа), тогаш ја прави сериозна (?!).
– Западот гледајќи во ова руска намера за ставање рака над светот (за разлика од предходните просторно поограничени догми – Словенството и Православието), побрза да ја преземе иницијативата (и се до денес го“разгорува” мирот каде, кога и колку треба).
– А тогаш толку брзо ја граба мировната иницијатива што и Николај е затечен кога истата 1899 г. се одржува Првата Хашка мировна конференција а со втората од 1907 г., веќе се довтемелени меѓународните мировни правила.
– Со Европа сега и САД се во мировни владини и приватни мировни иницијативи. Посебно место Кенан ќе и даде на Карнегиевата фондација за мир основана во 1910 г. и нејзините“заслуги” за светскиот мир.
– А мирот “мора да има” и свои институции, управни објекти и сл., па Кенан ја спомнува –

Палатата на мирот во Хаг

големата“Палата на мирот“во Хаг, заслуга на Ендру Карнеги.
– Се јавуваат нови и нови мировни движења по светот. Иронијата (што и се признава во текстот) е дека, што повеќе мировните движења растат, се повеќе војни има (!?).
Историјат на Балканските судири (од Воведот на Џорџ Кенан)
– Суштината на балканските судири, Кенан ја гледа и во новослободениот од турска контрола, простор и создавањето државички со експанзионистички сништа, па во Воведниот дел уште вели:
“Ако, прводобно, водечките импулси за истерување на Турците од европска Турција доаѓале од соседните големи сили, Русија и Австро-Унгарија, политичките водачи на новоформираните балкански држави сега почнале да ги земаат работите во свои раце. А за луѓето кои неодамна постигнале толку многу и толку ненадејно, тешко било да знаат каде да запрат.
Соништата за нови слави што ќе произлезат од нова територијална експанзија збунувале многу умови. Атмосферата се наоблачувала, со визии за поголемо ова или она:“голема Србија“,“голема Бугариј“и така натаму. И додека преостанатите области под турска контрола во јужниот Балкан, Тракија и Македонија, никако не биле единствените цели на таквите аспирации, било не повеќе од природно тие да бидат главните…“

– Со краткиот историјат за здружувањето на балканаските државички и наводно истерување на Турците од Балканот, Кенан го загатнува вистинскиот мотив, па вели:
“Резултатот бил предвидлив. Поразот на Турците завршил со силите на Србија, Бугарија и Грција во окупираните делови на беспомошна Македонија. Секоја имала аспирации во однос на таа територија што би можеле да бидат задоволени само на сметка на другите. Според тоа, не било изненадувачко што во јуни 1913 г. избувнала војна меѓу нив. Тоа е она што е познато како Втора балканска војна.“
Основање и состав на Карнегиевата балканска комисија (од Воведот на Џорџ Кенан)
– По освртот на Балканскиот судир, продолжува со Карнегиевата фондација за мир и одлуката за испраќање комисија на Балканот. За дилемата “Што да се прави”, Кенан вели:
“Колку и да била ситуацијата вознемирувачка, информациите што доаѓале од областа на непријателствата во најголем дел се уште биле фрагментарни, индиректни и недоволни. Малку од тоа било целосно поткрепено. Тешко било да се знае како да се разликува фактот од измислицат, реалноста од претерувањето, познатото од едноставно божемното“.
– Но и по наводната двоума, одлуката е брза, биле доволни Извештаите во “Њуjорк Тајмс” од јули 1913 г. (од почетокот овде). За персоналниот состав и околностите, вели:
“И така, Комисијата била формирана. Се состоела од седум члена: по еден од САД, Британија, Германија, Австро-Унгарија и Русија и двајца од Франција“.
– Сепак Комисијата брои 8 члена, заради уфрлањето замена на член кој не е во можност да оди на терен (за ова подоцна во т. 7 кај Состав на Комисијата).

Барон
д` Естурнел де Констан

– Претседател на комисијата е барон д` Естурнел де Констан, Француски сенатор и петставник на Хашките конференции.
А) Четиричлениот – БАЛКАНСКИ ИСТРАЖЕН ПОТКОМИТЕТ на Карнегиевата комисија.
– Од оваа Комисија, 4 (четворица) од луѓето се назаначени за – СПЕЦИЈАЛЕН ИСТРАЖЕН ПОТКОМИТЕТ, задолжен да оди на Балканот и истражува од името на Комисијата.
– Ова е важен момент за разграничување. Бугарската пропаганда за да и држат тезите, со умисла ја меша целата Карнегиева комисија со Истражниот Поткомитетот, кој ги врши истражувањата (а не целата Комисија).
– Друга работа е како Комисијата го разгледува, прифаќа или не Извештајот на овој Поткомитет. Уште поинтересно е кога ќе се види и од тие 4 членови на Поткомитетот, колку заминуваат на терен и кој го пишува целиот Извештај!
– Џ. Кенан ги набројува членовите на Поткомитетот со образложувања за секој од нив и мисијата, а подоцна објаснува што се случува со секој. Кои се четворицата?
1. Американецот Др. Семјуел Т. Датон – Проф. на Учителскиот колеџ на Универзитетот Колумбија.
2. Французинот г-дин Жистен Годар, Правник, член на Домот на депутатите.
3. Русинот Проф. Павел Милјуков – Проф. историчар, писател, политичар (подоцна во привремената влада на Русија во 1917 г.)
4. Британецот Хенри Н. Брејсфорд – новинар, публицист, социјалист.


Хенри Н. Брејсфорд

Проф. Павел Милјуков

– Кенан за работата на овој Поткомитет вели:
“Овие луѓе тргнале од Париз на 2 август 1913 г., кратко време пред завршувањето на втората од двете војни. Патот ги одвел, заедно или одвоено, во Белград, Солун, Атина, Истамбул и Софија.“
– За некои од нив, повикувајќи се на Воведот од баронот д, Естурнел,вели:
“Од овие навестувања можеме да заклучиме, на пример дека српската влада, навредувајќи се (од различни причини, во секој случај) од вклучувањето на МИЛЈУКОВ и БРЕЈЛСФОРД (з.н) во делегацијата, не само што одбила да им даде какво и да е официјално признание на членовите на Комисијата, туку отпрвин одбивала да им помага на практичен начин“.
– Истакнувајќи дека и за Брејлсфорд Грчката влада одбила да даде дозвола, Кенан открива недоверба на две од вкупно три страни токму за Милјуков и Брејлфорд, но не и кон останатите членови.
– По недовербата токму кон нив а заради пробугарските им гледишта (види овде под нивните имиња) Кенан продолжува:

Париз и во почетокот на 20 век игра важна улога на Балканот

“Како резултат на овие реагирања, Милјуков го скратил своето учество. Но другите тројца члена на Комисијата, неисплашени од одбивањата, ја продолжиле својата мисија; и по близу осум недели напорно патување, се вратиле во Париз на 28 септември“.
Б) Како е пишуван Извештајот на Балканскиот истражен поткомитет.
Извештајот се состои од 7 (седум) Глави
– Прв е долгиот историски Вовед за причините на Првата војна (но не и за потоа). Воведот Кенан ќе го нарече – “КОМПЛИКУВАН И ТЕШКО РАЗБИРЛИВ ДОКУМЕНТ особено како се ближи кон Заклучокот”.
– Следат 3 (три) Глави кои опфаќаат 135 стр., долги и одлично печатени,кои ја претставуваат самата срцевина на документот. Тоа се ексцесите, ѕверствата, најгрубо кршење на основните човечки права и меѓународното право воопшто.По нив и другите Глави, редоследно и со пишувачи тие изгледаат вака:
I Глава – ја пишува П. Милјуков, тоа е историско резиме.
II Глава – ја пишува Х.Н.Брејлсфорд, ѕверства.
III Глава – ја пишува П.Милјуков, ѕверства.
IV Глава – ја пишува П.Милјуков, ѕверства.
V Глава – ја пишува П.Милјуков, односот на двете војни кон принципите на меѓународното право.
VI Глава – ја пишува Г.Ж.Годар, економските последици на војните.
VII Глава – ја пишува С.Т. Датон, кратка Глава на заклучоци.

– Јасно е – ГЛАВНИ ПИШУВАЧИ на сржта од Извештајот се – Павел Милјуков (особено тој) и Х.Н. Брејлсфорд, останатите имаат споредни текстови – Воведот е од д,Естурел де Констан, VI Глава со економските последици – Г.Ж.Годар а VII со Заклучоците – С.Т.Датон.
– Ако на ова се додаде дека последниве тројца воопшто и не биле членови на Балканскиот Поткомитет а со тоа ниту имале можност да бидат на Балканот во време на мисијата, пак се свртува на – Милјуков и Брејлсфорд(?!).
– Уште повеќе збунува што оној кој највеќе напишал – Павел Милјуков, всушност е оставен уште во Белград (?!). Џорџ Н.Кенан во воведот истакнува дека Српската а подоцна и Грчката влада биле НАВРЕДЕНИ од вклучувањето токму на овие два члена и одбивале било каква соработка.
– За ова подоцна во Воведот на самиот Извештај од баронот д,Естурнел напишан во Креан на 21 август 1913 г. уште подобро се согледува (овде под – т. 7.1.2.).
– На стр. 13 од Воведот пак на Џ.Кенан стои:
“Српската влада, навредувајќи се од вклучувањето на Милјуков и Брејлфорд во делегацијата, не само што одбила да даде какво и да е официјално признание на членовите на Комисијата, туку отпрвин одбивала да им помога и на практичен начин.“
– Но и Грција по Милјуков и на Брејлфорд официјално одбила да му даде дозвола за Килкис (Кукуш) а го ограничила и движењето во Солун. Џ.Кенан потврдува дека како резултат на сите овие реагирања –“Милјуков го скратил своето учество”.
ФАКТ – 1. Србија и Грција (две од три инволвирани страни), не и дозволиле на Комисијата (т.е. Поткомитетот) истражување во Вардарска и Егејска Македонија.
ФАКТ – 2. Заради ова, Извештајот се оформува исклучително од македонски и турски бегалци во Бугарија и Турција, како и искази на бугарските војници и офицери и на заробениот непријател. Со ова, независноста на Извештајот е во прашање.
ФАКТ – 3. Независноста се руши и со тоа што сржта на Извештајот (5 Глави со конкретните дејства) е пишувана, токму од лицата кон кои е недовербата (?!). Всушност од нив се“фактите“, со кои бугарската пропаганда денес вреви.
ФАКТ – 4. Недовербата е заради отвореното бугарофилство на Милјуков и Брејлфорд. Брејлфорд

Борис Сарафов близок со Брејлсфорд

во 1905 г. во Лондон со Б.Сарафов го формираат – Балканскиот комитет и е во контакт со Софија и Врховистите.
Милјуков е бугарски платеник – во Софија е редовен професор на Софискиот Универзитет (тогаш Више училиште) и активен во политичките собитија на Бугарија. Сега главните пишувачи на Извештајот се –“непристрасни” (?!).
ФАКТ – 5. За Српските конкретни прекори, д,Естурнел во делот насловен како“Тргнување – Истражување – Враќање на Комисијата”, ќе рече –
“Јас многу добро ги знаев прекорите упатени против г. Милјуков, НО МИЛЈУКОВ НЕ БЕШЕ ЦЕЛАТА КОМИСИЈА. ТИЕ ИМАА ПРАВО ДА ГО ОТФРЛАТ НЕГОВОТО СВЕДОЧЕЊЕ (Стр. 40,- н.з)“.
Прашање – Како човекот за кого Претседателот на Комисијата по обвинувањата, ДАВА ПРАВО НЕГОВОТО СВЕДОЧЕЊЕ ДА СЕ ОТФРЛИ, подоцна МУ ДАВА ДРУГО ПРАВО (со прифаќањето на напишаните од Милјуков, Глави) – ИМЕНО ДА ЈА СОСТАВУВА СРЖТА НА ИЗВЕШТАЈОТ?!
– 28 септември 1913 год. по близу 8 недели мисијата завршува а членовите се враќаат во Париз, според Џ. Кенан.
– Заклучоците на комисијата во однос на дејствата и ѕверствата се дека

“Не постои одредба во меѓународното право што може да се примени на земја во војна и на постапувањето со ранетите која не била повредена, во поголем или помал обем, од страна на сите завојувани страни“.

– Кенан во Воведот го наведува и заклучокот на Претседателот на комисијата баронот д,Естурнел кој гласи:

“Сиот тој ужас нема да престане да постои се додека Европа продолжува да го игнорира..Гледката на лишување од детството во една цивилизирана земја почнува да ги вознимирува и најтврдите срца. Што да се рече за лишувањето на цел народ, во неколку нации, во Европа во XX век?“

Вашият коментар

Този сайт използва Akismet за намаляване на спама. Научете как се обработват данните ви за коментари.

Translate »